Правда: Засега нема закажано нова средба за законот за ЈО

58

Засега нема закажано средба на работните групи за законот за јавно обвинителство в сабота, велат од Министерството за правда, по информациите објавени во дел од медиумите дека за време на викендов ќе се одржи нова рунда преговори меѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Разговорите стагнираа по последната маратонска средба што се одржа во Собранието на која присуствуваа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а која заврши без исход.

Потоа следуваа меѓусебни обвинувања од страна на двајцата лидери кои оставија отворена можност за понатамошни разговори. Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ достави свои предлози за кои премиерот Зоран Заев рече дека ќе бидат разгледани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...