Правда: Законот за ЈО го подготвуваа домашни и странски експерти две години

222

Министерството за правда смета дека е несериозно да се бара изготвување нов текст на Закон за Јавното обвинителство, бидејќи работната група го подготвуваше текстот повеќе од две години, а една година има откога се започнати преговорите за ова законско решение.

-Денеска продолжуваат консултациите со пратеничките групи околу Предлог – законот за јавното обвинителство. Министерството за правда потенцира дека е несериозно да се бара изготвување на нов текст на Закон за Јавното обвинителство, бидејќи работната група го подготвуваше текстот повеќе од две години, а една година има откога се започнати преговорите за овој закон, се наведува во соопштението од Министерството.

Законот за Jавно обвинителство, како што е наведено во соопштението, се изготвуваше долг временски период во Министерството за правда, од работна група во која што учествуваа домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и дури странски јавни обвинители коишто даваат сугестии и мислења за одредени пршања поврзани со Законот.

-Законот е сѐ уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, ги повикуваме да подготват амандмани на овој текст – се останато е алиби за недонесување на законот и избегнување на правдата, велат од Министерството за правда.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...