Правда демантира лажна вест

2042

Министерството за правда најостро ги демантира лажните вести објавени во дел од медиумите со наслов „Дескоска потврди, АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот“, а ваквите наслови се невистинити, злонамерни и манипулативни, соопшто Правда.

– Министерката за правда Рената Дескоска, во ниту еден момент од денешната изјава за медиумите не споменува за бришење на АСНОМ од Преамбулата на Уставот. Таква или слична изјава министерката за правда Рената Дескоска нема дадено и очигледно е дека станува збор за лажна вест – велат од министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...