„Правдата не е пазар“ викаа на протестот за слобода на Алими, Села во првите редови

412

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска излезе на протест против затворската казна на Абдулфета Алими, вработен во собраниското обезбедување, кој доби седум години затвор настаните од 27 април.

Во првите редови беше и семејството на Алими.

Учесниците на протестот кои се собраа пред споменикот на Скендр Бег по што дојдоа пред судот, носеа маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: „нема правда нема мир“, „правдата не е пазар“, „да спасиш човек“, не значи дека си терорист“,…

Пред судот имаше и обраќања, дел од говорниците не сакаа да зборуваат на македонски. Демонстрантите ги исвиркаа имињата на пратениците и дел од првично обвинетите за 27 април, кои потоа беа опфатени со Законот за амнестија.

-Ова е многу голема неправда. Нека мислат тие што го направија ова. Тој што спаси некој сега е затворен. Тоа не е правда. Остануваме на улица се додека Алими не биде со нас – изјави учесник на протестот.

Протестот помина мирно, без инциденти. Сообраќајот на булеварот пред судот беше блокиран, а околу зградата имаше засилено полициско присуство.

Алими доби најниска казна од сите обвинети, а обвинителството ќе се жали на тоа и ќе бара повисока. Обвинителката Вилма Русковска синоќа во гостување на ТВ 21, посочи дека всушност Алими не е најзаслужниот за тоа што Села на 27 април 2017 излезе жив од Собранието.

Обвинетиот, како дел од собраниското обезбедување дента бил задолжен за главните врати чии клучеви ги дал на Горан Ѓошевски Леви.

– Абдулфета да си ја извршеше работата и задачата немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кажа помогнете, го утепавте човекот, мртов е и го донесе во ресторанот на пратеници и дури тогаш доаѓа Алими и помага на Тони – вели обвинителката.

Рускоска додава дека од прозорот на кујната на бифето и по пожарните скали го качиле Села и така се спасил.

– Не е точно дека Абдулфета го спаси и ќе повторам, да си ја вршел работата немаше да треба никого да спасува. Тони бил и во Брзата помош и чекал додека траела операцијата, а кога го сместиле на Интензивна си заминал и рекол „од мене толку” – завршува Рускоска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...