По 6 дена како шеф на полицијата си поднесе оставка поради убиство на девојка

509

Романскиот министер за внатрешни работи Николае Мога денеска најави дека ќе поднесе оставка по убиствaтa на две тинејџерки што ги налутија Романците поради наводно несовесно постапување на полицијата.

Мога по разговорот со премиерката Вјорика Данчила изјави дека се повлекува, само шест дена откако стапи на должност. Тој истакна дека на неговата одлука треба да се гледа како на нов почеток за Министерството за внатрешни работи.

Неодамнешното убиство на Александра Макесана (15) предизвика бес кај јавноста бидејќи полицијата правовремено не реагирала на нејзините телефонски повици дека е киднапирана.

Полицијата имаше проблеми да ја лоцира девојката, бидејќи користела погрешна технологија, а барала и непотребни налози за претрес, а по 19 часот ја пронашла куќата на мажот кој ја киднапирал.

Исто така е откриено дека истиот маж убил и 18-годишна девојка, која исчезнала во април годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...