По 10 години, во ЈП „Комунална хигиена“ ќе биде исплатен К-15 и тоа за три години

Ќе настојувам секоја наредна година на вработените во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје да им биде исплатен регрес за годишен одмор - истакна директорот Абдусамед Шабани.

381

Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје донесе Одлука на вработените во претпријатието да им биде исплатен регрес за користење на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година. Ова било решено на 23-та седница одржана на 28. мај годинава.

За таа цел, директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, денеска ја потпиша Спогодбата за регулирање на начинот на исплата на регрес за користење на годишен одмор, со претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Северна Македонија (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

– Би сакал да го изразам своето големо задоволство од донесената Одлука, имајќи предвид дека кон вработените во Претпријатието повеќе од една деценија не била исполнета оваа законска обврска на работодавачите.

Ми претставува особена чест што Одлуката ќе ја спроведеме во рамките на мојот мандат на раководење и ќе настојувам секоја наредна година на вработените во ЈП Комунална хигиена“Скопје да им биде исплатен регрес за годишен одмор – истакна директорот Абдусамед Шабани.

Со одлука за исплата на К-15 неодамна беа израдувани и над илјада вработени во ЈП „Водовод и канализација“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...