По 1.500 лица годишно во Македонија умираат од рак на бели дробови и ХОББ, електронските цигари поштетни и од другите поради металите

Македонија нема да може да одговорни на глобалната цел на СЗО пушењето кај нас да се намали за 30 отсто до 2025 година. Бараме Владата да обезбеди повеќе пари за посебна превентивна програма за одвикнување од пушењето за 10те советувалишта во центрите за јавно здравје и тоа за обезбедување пропаганден едукативен материјал, но и за набавка на лепенки и таблети за откажување од пушењето.- нагласи д-р Ќосевска.

911

По 1500 лица годишно во Македонија умираат од рак на бели дробови и ХОББ, како  последица од пушењето и други ризик-фактори. Пушењето е главна причина за рак на бели дробови и е одговорно за повеќе од две третини од смртните случаи од ова заболување, од кое лани починале 800 лица во земјата. А откажувањето од пушењето го преполовува ризикот од рак по 10 години од престанокот , изјави на денешниот Светски ден против тутунот, проф.д-р Елена Ќосевска, раководителка на Секторот за во ИЈЗ.

Тутунот убива по едно лице во светот на секои 4 секунди, а пушачите имаат за 22 отсто поголем ризик да заболат од рак на бели дробови од непушачите. Од ХОББ, астма и други респиратони заболувања кои се предизвикани и од пушењето болнички се лекувале околу 40.000 лица во 2017 година во Македонија.

Нема да одговориме на глобалната цел пушењето да се намали за 30 отсто

Светскиот Ден оваа година се одбележува под мотото: „ Тутунот и здравјето на белите дробови! Здравјето, а не тутунот!“

Таа нагласи дека во светот се намалува употребата на тутунот, но тоа не е тренд и кај нас, за жал.

– Македонија нема да може да одговори на глобалната цел на СЗО пушењето кај нас да се намали за 30 отсто до 2025 година. Бараме Владата да обезбеди повеќе пари за посебна превентивна програма за одвикнување од пушењето за 10те советувалишта во центрите за јавно здравје и тоа за обезбедување пропаганден едукативен материјал, но и за набавка на лепенки и таблети за откажување од пушењето. Исто така, и за набавка на антиникотински мастики и размена на експерти кои ќе зборуваа за штетните ефекти од пушењето – нагласи д-р Ќосевска и додаде дека во чадот од цигарите има над 4000 штетни хемикалии.

„Затоа што сакам да пушам„ одговориле повеќето од испитаниците 

Еве што одговориле испитаниците во најновата анкета на ИЈЗ на прашањето „Зошто не се откажете од пушењето“?

– Само на 16 отсто “пушењето им е задоволство“

– На 18 отсто „ништо не може да им помогне“ за да се отакажат од цигарите,

– 7 отсто „се обиделе, но не успеале да се откажат“

– 4 отсто  „не се секираат воопшто што пушат“

– а замислете, 4 отсто сметаат дека „пушењето им дава енергија“?!

– А 28 отсто кажале „не сакам да престанам да пушам“

А повеќето од анкетираните кусо изјавиле – „Затоа што сакам да пушам„

– Загрижува што само 38 отсто од луѓето кај нас сакаат да се откажат од пушењето, а во соседна Србија и во западните земји, дури 80 до 85 отсто од пушачите сакаат да се откажат од штетната и опасна навика. Не помалку опасни од цигарите се и електронските цигари, бидејќи тие, освен никотинот и другите канцерогени состојки, содржат и други штетни материи како тешки метали, батерии, ароми, бои и друго, кои пушачите ги внесуваат во организмот. А оние кои пушат електронски цигари, при издишување во воздухот испуштаат аеросоли, никотински деривати, тешки метали и друго, утврдило испитување на СЗО – рече д-р Ќосевска.

Досега 1271 лице оделе на советување против пушење во 10те центри за јавно здравје овие неколку години, но фрапантно е што само четворица успеале да се откажат од пушењето!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...