По уставните измени ќе следи брза трка за избор на кандидати за претседател

962

Премиерот Зоран Заев по празниците и откако ќе заврши процесот за уставните измени ќе се посвети на прашањето за избор на кандидат за претседател за пролетната трка за нов шеф на државата.

Заев очекува повеќе кандидати за претседател, не само од политичките партии, туку и од граѓаните за да можат, како што рече, граѓаните да го изберат најдобриот кандидат, како и процесот да биде демократски.

Во мај 2019 година завршува вториот мандат на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Во врска со последната седница за гласање на уставните измени премиерот очекува да има двотретинско мнозинство или 80 пратеници.

-Потврдија 76 патеници со кои разговарав, но тоа не значи дека сите други одбиваат. Верувам дека и навистина може да се успее да се добие поддршка од 85 – 90, а дај боже и повеќе. Тоа е и целта и затоа имаме вака инклузивен процес -рече Заев.

Тој додаде дека следува доставување амандмани од страна на пратениците на уставните амандмани и веројатно ќе сакаат да дадат свој прилог внатре и согласно тоа кога ќе завршат тие постапки да ги стават своите ставови.

-Јас сум им благодарен на сите кои го истакнуваат својот позитивен став досега заради тоа што овој процес го прави поизвесен и за мене како претседател на Владата или предводник на ваквиот процес, и за парламентот и најмногу за граѓаните. Останувам оптимист дека најмалку двотретинско мнозинство или 80 пратениците ќе има на седницата на 9 јануари – рече Заев.

Премиерот во однос на идејата за останување на пратениците во јавна служба, рече дека нема да се донесе законот.

Заев денеска присуствуваше на презентацијата на проектите од таканаречениот „втор инвестициски бран“ кој се реализира во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...