Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и неговата сопруга, Јован и Јана Деспотовски, по трите биолошки деца, згрижија детенце кое е без родителска грижа.
– Уште од самиот почеток на нашата врска со Јово се договоривме дека без разлика дали и колку наши деца ќе имаме, едно мора да посвоиме. Бидејќи имаме три биолошки, Андреј (11), Ана (8) и Нина (5), се одлучивме да станеме згрижувачко семејство. Со тоа, од една страна ќе помогнеме на едно оставено детенце, а од друга страна нема да го земеме редот на семејствата кои чекаат за посвојување на дете. Иако, тоа е поголем ризик за нас како семејство, сметавме дека така е најисправно за сите. И така Иво дојде во нашето семејство како четврт член – вели мајката Јана Дуковска-Деспотовска во интервју за Мама365.