По трамвајот на гуми на Заев, Шилегов најави трамвај на водород

1146

Како мерка за борба против загадувањето скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва на трибината „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“  најави трамвај на водород. Премиерот Зоран Заев пак, од собраниска говорница најави трамвај на гуми.

– Трамвај со систем на водород кој ќе продуцира електрична енергија која ќе го движи. Единствен продизвод од овој трамвај ќе биде водена пареа, односно нула емисија на штетни гасови. Ќе има 24 метарски возила, на секои 4 минути ќе пристига возило на станица и ќе биде тотално издвоен од останатиот сообраќај – рече Шилегов.

Шилегов најави дека изградбата на инфраструктурата и почетокот на трамвајскиот сообраќај ќе чини 100 милиони евра.

Градоначалникот најави дека пред Нова година ќе почне изградбата на новиот превоз.

– Скопје ќе добие сосема поинаков јавен градски превоз што ќе овозможи да се забрани движењето на автомобили во централното градско подрачје – рече Шилегов.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...