По тензичното рочиште, завршни зборови за обидот за убиство на Села

883

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за обидот за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села. На рочиштето треба да се продолжи со изнесување на завршните зборови.

На минатото рочиште обвинителството го повлече обвинението против еден од десетмината обвинети Сашо Сенков за кој како што кажа нема докази. За двајца, Стојан Павлески и Цео Ѓорѓиевски, пак, направи преквалификација од обид за убиство во насилство и тие на предлог на обвинителство излегоа од затворски односно куќен притвор. Судот им ги одзема пасошите и им определи еднаш неделно да се јавуваат во судот.

Обвинителот Дарко Јакимовски, направи и промена во описот на извршување на дејствијата, но остана на тоа тие да одговараат за обид за убиство. Откако не го повлече обвинението или не направи преквалификација, обвинетиот Александар Јаневски Тошта бурно реагираше, по што му се слоши и се струполи во судница. Со итната медицинска помош тој беше пренесен во болница на реанимирање, а во петокот по барање на обвинителство поради здравствената состојба беше пуштен од затворот во Шуто Оризари во куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...