По средбата со Заев од Иницијатива оптимисти за една изборна единица

527

Иницијативата за една изборна единица синоќа се сретна со претседателот на СДСМ, Зоран Заев за промена на изборниот модел од шест во една изборна единица, соопшти Иницијатива.

– На средбата беа присутни речиси сите пратеници од Иницијативата, а од страна на СДСМ беа присутни и заменик-претседателката Радмила Шеќеринска и членот на највисокото раководство Рената Дескоска. По изнесените аргументи за потребата од промена на изборниот модел, претставниците на СДСМ ја искажаа својата силна поддршка за реформи во изборниот систем, како и за една изборна единица и отворени листи, што беше нивна заложба и пред последните парламентарни избори. Сметаат дека е добро што со оваа иницијатива се отвори јавна дебата и се надеваат дека ќе се обезбеди широк консензус во општеството, соопшти Иницијатива.

Иницијативата е составена од 12 пратеници од 10 партии и еден независен. Зад Иницијативата застанаа: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам.,

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...