По сообраќајката, принцот Филип одлучи да престане да вози

169
Photo: EPA / NEIL HALL

Британскиот принц Филип (97) одлучи доброволно да престане да вози, еден месец по сообраќајката што ја предизвика и во која беа повредени две жени, соопшти Бакингемската палата.

Од морални причини, сопругот на кралицата Елизабета Втора ја врати својата возачка дозвола на британските власти.

Ема Ферведер, која во несреќата се здоби со скршеници на рачниот зглоб, вели дека „токму тоа требало да го стори“ и дека сега патиштата ќе бидат побезбедни.

Принцот Филип на 17 јануари со својот џип „Ленд Ровер” удри во друго возило и притоа повреди две жени. Тој, како и едно деветмесечно бебе не беа повредени.

ФОТО: EPA / NEIL HALL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...