Општина Аеродром утрово поднесе иницијатива до Град Скопје за изнаоѓање ново сообраќајно решение на булеварот Србија, каде синоќа беа повредени баба и нејзиното тригодишно внуче, а бабата им подлегна на повредите и почина.
„Нашите служби реагираа веднаш по немилиот настан што се случи доцна синоќа на овој булевар. Општина Аеродром континуирано работи на зголемување на безбедноста на сообраќајот на улиците што се под нејзина надлежност со цел ги превенира ваквите настани и да ја зголеми свеста кај учесниците во сообраќајот“, се наведува во соопштението од Општината.
Општината информира дека неодамна била поставена хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата „Блаже Конески“, „Александар Македонски“, како и пред клонот „Сонце“ на детската градинка „Бубамара“ во Реонски центар. Ваква сигнализација моментално се поставува и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“.