По минатогодишниот упад во Собранието на 27 април и низата случувања поврзани со „крвавиот четврток“, оперскиот пејач Игор Дурловски најави камбек на сцената во Македонската опера и балет (МОБ).
Според објавата на неговиот Фејсбук профил тој на 19 мај ќе настапи на Мајските оперски вечери. Дурловски ќе биде во улогата на Тимур во операта Турандот.
Тој беше еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, а е и еден од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за 27 април. Пејачот помина и околу четири месеци во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.