Претседателот на Собранието на Северна Република Македонија Талат Џафери денеска ќе отпатува во работна посета во Република Албанија.
Како што информира собраниската прес-служба, Џафери во Албанија на утре ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.