По „Скопје 2014“, доаѓаат живи статуи на улица Македонија

616

Живи статуи од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина и Македонија ќе учествуваат на фестивалот „Статуафест – другото лице на улицата“ кој денеска и утре од 18 часот до полноќ ќе се одржува на улица „Македонија“ во организација на „Театроск“.

– Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои ќе го разубават градот и ќе ја покажат специфичноста на оваа професија пред македонската публика – соопшти „Театроск“, кој повеќе од десет години се занимава со живи статуи и на фестивалот ќе ја презентира и својата продукција.

Целта на организаторот е да го развие овој вид уличен фестивал во Скопје по примерот на европските центри.

Покрај живи статуи, фестивалот ќе има и музичка програма со настапи  на диџеи и бендови. Покровител е Град Скопје и се организира со поддршка на спонзори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...