По САД и Франција и Русија ги извлекуваат своите државјани од Вухан

Претходно САД почнаа постапка за евакуација на своите државјани од Вухан, каде изби епидемијата на најновиот смртоносен корона вирус.

632

Франција планира да ги евакуира француските државјани кои останале во Кина, откако кинеската Влада реши да воведе карантин за градот Вухан по избувнувањето на корона вирусот, објавија денеска кинеските медиуми, повикувајќи се на електронско писмо од францускиот конзулат.

„Генералниот конзулат во соработка со локалните власти планира да воспостави автобуска линија што ќе им овозможи на француските државјани и нивните сопружници и деца, без разлика дали имаат кинеско или некое друго државјанство да заминат од Вухан во Чангша“, се вели во имејлот од Конзулатот.

Руската амбасада во Кина, исто така, денеска соопшти дека се во контакт со кинеските власти за евакуација на своите државјани од Вухан.

Претходно САД почнаа постапка за евакуација на своите државјани од Вухан, каде изби епидемијата на најновиот смртоносен корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...