По раскинувањето со Бредли Купер цвета – Ирина прогласена за најдобар модел за костими за капење во светот ФОТО

Мајката на двегодишната Леа се наjде на врвот на овогодинашната листа Кралица на костими за капење.

2257

Зад Ирина Шаjк се неколку тешки недели по раскинувањето со холивудскиот актер и режисер Бредли Купер, но 33-годишната убавица штотуку е именувана за најдобар модел на костими за капење во светот, пред Алесандра Амбросио и Емили Ратајковски.

Откриено е дека Ирина заработува до 60.000 фунти по објава на Инстаграм, каде што ги рекламира брендовите како што се Луј Витон и култниот бренд на костими за капење Хунза Г, пренесува „Сан“.

Мајката на двегодишната Леа се наjде на врвот на овогодинашната листа Кралица на костими за капење, која ја составила компанијата за производство за долна облека и костими за капење „Блубела“ и која проценила колку ѕвездите имаат влијание на социјалните мрежи.

Алесандра Амбросио (38), се најде веднаш зад Ирина Шаjк. Бразилската убавица просечно добива околу 150.000 лајкови по објава на Инстаграм, а на почетокот на годинава покрена и свој бренд на костими за капење ГАЛ Флорипа.
Емили Ратајковски со 23,3 милиони следбеници на Инстаграм е трета на листата. И покрај тоа што добива речиси просечно по 2 милиони лајкови по објава, за манекенката не сметаат дека има толкаво влијание, бидејќи голем дел од нејзините следбеници се мажи.

По првите три на листата се најдоа и моделките Ешли Греам, Кендис  Свонепул,
Рози Хантингтон – Вајтли, Џасмин Тукс, Лаис Рибеиро, Нина Агдал и Лупе Фуентес.

 She beat the likes of Emily Ratajkowski

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...