По пукањето на аферата „Рекет“, Катица Јанева првпат ќе излезе во јавност со изјава

1427

Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, денеска во 13 часот закажа прес-конференција во просториите на обвинителството.

Ова е нејзино прво појавување во јавноста откако пукна аферата „Рекет“ и откако, истиот ден, таа си даде оставка.

Катица Јанева не е осомничена во случајот, но запленети се нејзините мобилни телефони за да се види комуникацијата со првоосомничениот Бојан Јовановски.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...