По пропадната лидерска, власта и опозицијата денеска седнаа на маса за обвинителството

517
Photo: EPA-EFE/Georgi Licovski

Работните групи на парламентарните партии денеска работат на усогласување на ставовите за новиот закон за јавното обвинителство, изјави пратеникот Хари Локвенец додавајќи дека СДСМ им дава шанса на преговорите.

– Би сакал да пренесам дека во овој момент работните групи работат за усогласување на ставовиве поврзани со законот за јавно обвинителство. Тоа само по себе покажува дека даваме максимални напори за усогласување на ставовите за обезбедување на двотретинското мнозинство, всушност консензуално решение на овој проблем, сакајќи заеднички да го креираме законот кој треба да се донесе а е поврзан со јавното обвинителство. Им даваме шанса на преговорите – изјави Локвенец одговарајќи на новинарско прашање.

Локвенец не го коментираше барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, туку кажа дека тие ќе го потврдат својот став изнесен на Комисија, на пленараната седница што ќе ја закаже претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Photo: EPA-EFE/Georgi Licovski

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...