Јосип Броз Тито, доживотен претседател на СФР Југославија, Сојузот на комунистите на Југославија и основач на Движењето на неврзаните и 38 години по смртта не е заборавен, доколку се суди по бројот на посетители кои денеска ја посетија Куќата на цвеќето.
Десетина автобуси од речиси сите држави на поранешна СФРЈ, од раните утрински часови се наоѓаат пред Музејот на Југославија на Дедиње, во рамки на кој се наоѓа и Куќата на цвеќето, објави белградски „Блиц“.
Најголемиот дел носат знамиња од поранешната држава, но и цвеќе кое ќе го положат на гробот на Тито, додека пред Музејот се продаваат беџеви со ликот на Тито и Јованка, како и магнети и книги.
Посетителите се главно постари луѓе, но има и млади кои не биле ни родени кога почина Тито.
Во изминатите децении, Куќата на цвеќето ја посетиле околу 20 милиони луѓе.
ФОТО: бикипедија