Кавадарчани, селектирајте го отпадот!

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци ги замолува граѓаните да не фрлаат секаков отпад во специјализираните контејнери.

122

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци денеска упати апел до кавадарчани да го селектираат отпадот, бидејќи од неодамна имаат и посебни контејнери за пластика, хартија и стакло, обезбедени во соработка со „Пакомак“.

– Денеска „Пакомак“ започна со празнење на контејнерите. Веднаш се забележа дека дел од кавадарчани ја почитуваат намената на овие нови контејнери, но за жал има и такви кои во нив ставаат секаков отпад. Со тоа не само што го отежнуваат нивното празнење, туку и ја блокираат идејата за селектирање и рециклирање на отпадот, кое е и тоа како важно за сите – нагласуваат од комуналното претпријатие.

Оттаму уште еднаш ги замолуваат кавадарчани да прават разлика помеѓу контејнерите за општ смет и специјализираните за пластика, хартија и стакло, со цел почиста и поздрава животна средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...