По парадата, припадници на ЛГБТИ нападнати кај Матка

1804
ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

По Парадата на гордоста која вчера се одржа во Скопје, три лица од Албанија, две од  Босна и Херцеговина и едсен тетовец биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата.

За да се спасат лицата се качиле во такси возило и се упатиле кон Сарај. По нив тргнало „ауди“ кое ги пресретнало кај плоштадот во Сарај. Возачот на „аудито“ ги навредувал и му се заканил на тетовецот коги и физички го нападнал. Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...