По осум дена ослободен киднапираниот грчки бизнисмен

229

Грчкиот бизнисмен Никос Маврикос, кого четири непознати лица го киднапираа на 27 декември, денеска е ослободен и во добра здравствена состојба се вратил дома, објавија грчките медиуми.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, засега не е познато, ниту официјално, ниту неофицијално, на кој начин 51-годишниот Маврикос бил ослободен – дали киднаперите побарале откуп и дали преговарале директно со него, ниту пак кои се причините за неговото киднапирање.

Веднаш по ослободувањето бизнисменот отишол во полициска станица за да даде исказ, а грчката полиција работи на расчистување на случајот.

Маврикос беше киднапиран пред неговиот дом во Пиреја од четири непознати лица кои го грабнале, го ставиле во џип и побегнале.

Медиумите тогаш објавија дека киднаперите биле маскирани во полицајци, односно носеле униформи на кои пишувало ЕКАМ што всушност е Единицата за борба против тероризам на грчката полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...