По неподносливата жештина следната недела пороен дожд, грмежи и ветер

Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.

512
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и
засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.

Минималните температури во понеделник и вторник ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени и од 26 до 33 степени.

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. УВ ќе биде 9. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 26 до 36 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...