Посетителите си ги бараат предметите што морале да ги остават пред да влезат на мисата што папата Франциск ја одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
За да се дојде до местата кои беа предвидени за следење на мисата, верниците требаше да поминат по 2-3 безбедносни проверки кај полицајците, а не им беше дозволено да внесуваат метални пари, запалки, храна која не е во хартиена кеса итн.
Од видеото кое го објави МИА, може да се забележи како посетителите по завршувањето на мисата си ги бараат оставените предмети, меѓу кои има и чешли, кечап, мајонез, креми за раце, чадори итн.