Шефот на германската дипломатија Хајко Маас во вторник доаѓа во посета на Македонија.
Маас ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров. Предвидено е одржување панел дискусија на која ќе учествувува и Маас, а на која ќе се говори за eвропскиот пат на Македонија.
Маас ќе биде третиот висок германски функционер кој доаѓа во земјава во изминатите десетина дена во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември.
Канцеларката Агнела Меркел беше во посета на Скопје на 8 септември на Денот на независноста, а денеска во земјава е германскиот министер за Европа Михаел Рот.