По масакрот на скопските улици казнети 40 мотоциклисти Фото ВИДЕО

469

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 19.30 до едсен часот по полноќ спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

Акцијата е спроведена откако во само два дена во две одделни несреќи предизвикани од моторциклисти беа повредени 5 лица.

При контролата, соопшти денеска МВР, откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози.

Покрај тоа, се посочува во соопштението, поради основи на сомнение за техничка неисправност (создавање бучава) одземени и задржани се 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.

Откриени се и 43 останати прекршоци за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекшочни платни налози.

Од почетокот на годината до крајот на август во Скопје казнети се 1.111 мотоциклисти.

Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со зајакнати акциски контроли со цел санкционирање на прекршителите на законите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...