По летувањето во Сен Тропе, шефицата на австриските социјалдемократи потемне од напади

Еден австриски турист ја фотографирал Вагнер во локал, каде најчесто одат филмски и музички ѕвезди, и каде лежалка покрај море чини 100 евра дневно.

2047

Фотографијата на шефицата на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) Памела Ренди Вагнер од еден престижен и луксузен клуб во монденското летувалиште во Франција Сен Тропе предизвика бура во јавноста.

Еден австриски турист ја фотографирал Вагнер во локал, каде најчесто одат филмски и музички ѕвезди, и каде лежалка покрај море чини 100 евра дневно.

Тоа што лидерката на СПО престојувала во толку скап објект предизвика бура негодување на социјалните мрежи, каде корисниците коментираат дека тоа не личи на социјалисти или дека „социјалистите вообичаено другите ги напаѓаат за така луксузни одмори“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...