По Ласкарци, МОН ги предупреди сите училишта да внимаваат кој ќе ги вози на екскурзиите

293
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Министерството за образование и наука (МОН) достави укажување до сите основни и средни училишта да бидат особено внимателни при изборот на туристички оператори кои ќе бидат ангажирани за реализација на екскурзиите, со оглед на последните случувања, односно сообраќајната несреќа со фатални последици кај Ласкарци.

„Во дописот до училиштата особен акцент е ставен на почитувањето и доследна примена на одредбите од правилниците за организирање на ученичките екскурзии, во кои јасно и прецизно се уредени условите и критериумите кои туристичките оператори треба да ги исполнат и тоа да го докажат со доставување соодветна документација при пријавување на јавен повик. Посебно внимание потребно е да се посвети на исполнетоста на условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца“, наведуваат од МОН.

Во интерес на учениците и подигнување на степенот на нивната безбедност и заштита, училиштата имаат можност да ги контактираат сите надлежни институции и органи доколку се појави потреба за било какви дополнителни консултации и сугестии.

Photo: EPA / Frosina Novakovic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...