Некои со маскирана душа и совест сакаа да внесат немир и паника во Струмица, оцени претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов по објавената вест дека во саботата пред одржувањето на Интернационалната карневалска вечер било лажно пријавено од маж од Кочани дека има подметнато експлозивна направа во трговски центар во Струмица.
Додаде дека и покрај тоа карневалот протекол во извонредна атмосфера и без инциденти.
-Заради тоа изразувам голема благодарност до МВР и Агенцијата што го обезбедуваше карневалот – „Никоб“. Се разбира тука не треба да ги заборавиме граѓаните на Струмица и сите учесници на карневалот, како и гостите од странство, што се придржуваа кон редот и придонесоа оваа манифестација како и досега да помине во најдобар ред, рече Александар Цицимов – претседате на ОО на Струмичкиот карневал.
Потенцираше дека во изминативе шест дена сите карневалски манифестации се одржале според планираното, а очекува дека и наредните два дена ќе поминат во најдобар ред.