По крајот на кариерата Федерер ќе се посвети на семејството и хуманитарната работа

232

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер планира да се посвети на добротворна работа и на своите четири деца по крајот на својата кариера, изјави тенисерот за „Мајами хералд“.

– Сакам да бидам добар татко и сопруг. Се трудам да поминувам време со по две од моите деца истовремено. Тешко е да одделам време на сите четири во исто време. Потребно е постојано да разговарам со нив. На крајот на секој слободен ден им одделувам по три часа и во еден неврзан амбиент, ги разгледуваме нивните проблеми – рече Федерер.

Триесет и седум годишниот Швајцарец е освојувач на 20 Гренд слем титули, олимписки шампион од Пекинг 2008 и рекордер по бројот на последователни недели на чело на светската АТП листа (237 недели).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...