По Конгресот на СДСМ во март ќе се знаат носителите на кандидатските листи за пратеници

339

Во СДСМ е почната процедурата околу кандидирањето на идните кандидати за пратеници, а носителите на листи ќе бидат познати во март кога треба да се одржи конгресот на партијата.

Портпаролот Костадин Костадинов денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека конгресот треба да се одржи од 8 до 12 март и оти сега е неблагодарно да шпекулира со било какви информации.

– Процедурата околу кандидирање и евидентирање на идните кандидати за пратеници секако дека е отпочната. СДСМ дава можност на базата од последната клетка на партиското функционирање, а тоа се месните одбори, да предлагаат нивни кандидати од местата од каде тие се наоѓаат и како отворена партија даваме можност за сите кои ги препознаваат политиките на СДСМ по пат на самокандидирање да поднесат кандидатури во партијата. Околу носителите на листи ќе очекуваме кога ќе дојде ред на Конгресот на СДСМ, кој е највисок орган на одлучување на партијата да бидете запознаени, пред тоа би било неблагодарно и непринципиелно од една одговорна партија да шпелулира со било какви информации, изјави Костадинов. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...