По „козоморот“ на Колишевски, козарството се враќа бавно, со многу ентузијазам и мака

Развојот на козарството во Македонија претрпело големи штети со донесувањето на т.н.Лазов закон во далечната 1947.година кога биле сотрени речиси сите кози, а со тоа прекинала и долгогодишната традиција на одгледување на ова домашно животно. Денеска младите не го препознаваат мирисот на козјото млеко, традиционалните раси полека се губат, а со тоа и традиционалните козји сирења, беше кажано денеска на конференцијата „Биодиверзитет на млеко“

1675

На денешната конференција „Биодиверзитет на млеко“ во организација на организацијата Слоу Фуд Македонија а по повод 10. декември, денот посветен на локалната храна, односно денот на мајката земја „Тера Мадре Ден“, се дискутираше за иднината на козарството во Македонија, за зачувувањето на автохтоните раси, за домашната балканска коза, но и за одржливоста на традиционалните производства на сирења.

Се чини дека цела штета била направена уште во далечната 1947. година кога првиот претседател на Владата на Демократска Федерална Македонија, Лазо Колишевски го донел законот со кој било забрането да се чуваат кози, зашто козата била „штетно животно“.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...