По два дена со осуда се огласи Агенцијата за млади и спорт

336

Агенцијата за млади и спорт најостро го осуди однесувањето на навивачките групи и поединци, за време на натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер.

„Искажуваме безрезервна поддршка на ФФМ за доследно и целосно почитување и спроведување на актите, пропозициите и меѓународните препораки и конвенции за спречување на насилно и недолично однесување на спортските терени, како услов и гаранција за учество на наши екипи и репрезентации во меѓународниот спортски систем“, се вели во соопштението на АМС.

Агенцијата апелира до сите надлежни тела да го расветлат овој настан кој ги „подгрева етничките тензии на и вон спортските терени“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...