Имам во Уганда се нашол на удар на критиките откако се венчал со маж за кој мислел дека е жена, што укажува на изразена нетолеранција во таа источноафриканска земја, изјави активистот за правата на хомосексуалците Френк Мугиша.
Имамот кој тврди дека не знаел дека неговиот партнер е маж, e суспендиран, додека неговиот партнер е обвинет за „неприроден“ престап.
Многу жители на Уганда го исмевале имамот на социјалните медиуми, наведувајќи дека тој е хомосексуалец кој не ја кажува вистината.
Мугиша, водач на групата за Сексуални малцинства во Уганда, оценил дека тој случај докажува „колку хомофобија има во земјата“.
FOTO: Skrinsot/Jutjub