По Брегзитот, Лондон сака слободна трговија со ЕУ

167

Британската Влада го усвои планот за идните преговори со ЕУ околу истапувањето на Лондон од блокот, со кој се предлага создавање на зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и Унијата по Брегзитот, соопшти синоќа британската премиерка Тереза Меј.

– Владата ја усогласи заедничката позиција за нашите идни преговори со ЕУ. Нашиот предлог е да се создаде зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и ЕУ со утврдени заеднички правила за размена на индустриски стоки и земјоделски производи – нагласи Меј по владината седница одржана во резиденцијата на британските премиери во Чекерс, на 70 километри северозападно од Лондон.

Мај нагласи дека со планот се предвидува создавање на нов царински модел, што ќе и овозможи на Велика Британија да склучува билатерални трговски договори со земји од целиот свет.

Таа најави и дека следната недела нејзината Влада ќе објави „Бела книга“ во која детално ќе биде образложено како Лондон планира „да ја поврати контролата над своите пари, своите закони и своите граници“.

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзитот, Мишел Барние вчера изјави дека со нетрпение го очекува објавувањето на британската „Бела книга“ за да ги види позициите на Лондон за идните односи со ЕУ и да оцени дали се тие одржливи и реални.

Според Барние, во моментов се уште има премногу прашања и премалку одговори во разговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за Брегзитот.

Британските медиуми наведуваат дека и покрај усогласената позиција околку идните преговори, Владата во Лондон и натаму работи и на сценарио за Брегзит без поситгнат договор се Брисел за истапувањето на земјата од ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...