Владата го именуваше гинекологот Гоце Чакаровски за национален координатор за здравство.
Со ова Чакаровски доби нова функција откако претходно беше тргнат од позицијата заменик-министер за здравство во рамки на владината реконструкција.
Чакаровски доаѓа од Битола, каде претходно работел како шеф на родилната сала во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Во својата кариера тој бил и претседател на Лекарската комора на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, како и заменик претседател на лекарското здружение на медицински центар–Битола.
За национален координатот за култура пак, беше назначен екс министерот за култура Роберт Алаѓозовски.