Во пресрет на 13 Ноември, Град Скопје и Поштата промовираа пригодна марка по повод 75 години од ослободувањето на главниот град, на авторката Лариса Донев.
Градоначалникот Петре Шилегов рече дека поштенски марки со мотиви од Скопје се издавани и додека градот беше дел од СФРЈ, но и претходно зашто Скопје бил важен административен центар на овие простори во минатото.
– Пригодните поштенски марки со мотиви од Скопје во минатото играле важна улога во промовирањето на многубројните културно-историски вредности и настани, како и на природните убавини во нашиот град и неговата околина – рече Шилегов и додаде дека поштенските марки се и своевидни историски артефакти кои говорат за некогашниот изглед на градот и поважните белези од неговото минато.