По повеќе од пет години денеска во Основниот суд во Струмица треба да почне судскиот процес за уривањето на полицискиот хеликоптер во близина на Струмица, кога загинаа четворица пилоти на МВР-Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, информира потпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, која и ќе го суди ова дело.
Истрагата заврши со поднесување обвинение од ОЈО Струмица против ЈП „Македонска радиодифузија“, тогашната директорка на претпријатието и раководител на сектор на зедничка техника во тоа време. Обвинението нив ги товари за тешки дела против општата сигурност.
Во хеликоптерот произведен 2008 година на 10 јули 2014 година пилотите биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.
Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.