Почнува судењето за убиството на Пино, на обвинителна клупа неговата девојка Ангела

1068

Во Кривичниот суд денеска се очекува да почне судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино, а на обвинителната клупа ќе седне Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соучесништво во убиството.

Дваесет и шест годишното момче Пино исчезна на 11 декември 2018 година, а тоа во полиција го пријавила неговата мајка.

По пет месечна истрага, на 29 април годинава во атарот на скопското село Љуботен беа пронајдени неговите останки.

На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против неговата девојка и нејзиниот пријател Али Фуркан кој избега за сторено кривично дело убиство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...