Почнува собраниската седница за разрешување на Катица Јанева

Според најавите, од секоја политичка партија по еден пратеник треба да има излагање од собраниската говорница, па со оглед на тоа, не се очекува долго да трае оваа седница.  

421

Почна собраниската седница закажана за денеска во 13 часот, на која единствена точка е разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“.

На седницата присуствуваат пратеници и од владеачкото мнозинство и од опозицијата.

Според најавите, од секоја политичка партија по еден пратеник треба да има излагање од собраниската говорница, па со оглед на тоа, не се очекува долго да трае оваа седница.

На 5. септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување. Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. Бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Во материјалите поставени на веб-страницата на Собранието, а во врска со разрешувањето на Јанева, покрај заклучокот на Комисијата по кој пратениците треба да расправаат, се поставени и согласност од четирите политички партии со најголем број пратеници СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците.

Јанева во моментов е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...