Собранието денеска ќе ја почне процедурата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски за кого се бара притвор поради сомнение за организирање на настаните на 27 април.
Откако Комисијата за деловнички и мандатно имунитетски прашања ќе го разгледа барањето треба да достави извештај со мислење до претседателот на Собранието, Талат Џафери, што може да потрае два дена, а потоа самот законодавен дом има рок од три дена со гласање на мнозинството да одлучува на пленарна седница за пратеничиот имунитет на Вељановски.
На Вељановски на товар му се става кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За да му се одземе имунитетот на Вељановски, потребни се 61 пратенички глас.