Почнува Копа Америка

253

Копа Америка се враќа и ќе понуди многу емоции на терените во Бразил. За првпат во последниве 30 години, Земјата на кафето ќе биде домаќин на континенталното натпреварување. „Кариоките“ имаат голем долг кон своите поддржувачи.

Суперѕвездата Нејмар не е на располагање на Тите по повредата на контролна одиграна денови пред стартот на турнирот. Неј Џуниор е растргнат и од секс-скандал, кој се одрази и во кампот на петкратниот светски шампиони. Тренерот на Бразилците одлучи да го замени Нејмар со искусниот Вилијан.

Дефанзивната линија на „златните“ е изградена од ветерани како Тиаго Силва, Жоао Миранда, Дани Алвеш и Филипе Луис. Филипе Кутињо ќе се обиде да го подобри впечатокот по слабата сезона за Барселона, а Габриел Жезус и Роберто Фирмино ќе се докажуваат во дресот на Бразил.

Вечниот фаворит Аргентина пак минува низ промена по фијаското на Мундијалот 2018. Новиот тренер Лионел Скалони има задача да ги избере вистинските фудбалери. Секогаш е интересно да се види кој игра за „албиселесте“ во средината на теренот.

Џовани Ло Селсо направи многу силна сезона за Бетис и ја чека својата шанса. Веќе ги нема искусните Хавиер Маскерано, Евер Банега и Енцо Перез.

Алексис Санчез беше чиста нула минатата сезона во Манчестер Јунајтед и ќе се обиде да го ослободи својот несомнен потенцијал за Чиле. Друг клучен играч, Артуро Видал, ја обнови својата кариера во Барселона и, како и секогаш, ќе игра со познатата страст.

Уругвај и Колумбија чекаат од вториот ред и можат да ги изненадат скептиците. Цврстите играчи на „Ла Селесте“ ќе бидат предводени од Диего Годин и Луис Суарез. Радамел Фалкао и Хамес Родригез ја подизгубија својата брилијантност, но Копа Америка е одлична можност за нов блесок.

Цели 8 од 12 тимови во групите продолжуваат во фазата на елиминација. Ако Бразил и Аргентина победат во своите групи, тие нема да можат да се сретнат пред финалето.

Почетокот на Копа Америка е доцна вечерва по македонско време, а во првиот дуел се среќаваат домаќинот Бразил и Боливија. Финалето е на 7 јули во Рио де Жанеиро.

Гости оваа година се тимовите на Јапонија и Катар.

Група А: Бразил, Боливија, Венецуела, Перу
Група Ц: Аргентина, Колумбија, Парагвај, Катар
Група Ц: Уругвај, Еквадор, Јапонија, Чиле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...