Почнува гужвата на „Богородица“ и „Дојран“, се чека половина до еден час

320

Поради зголемена фреквенција на возила попладнево на граничните премини Богородица и Дојран, на македонско-грчката граница, за влез во држава се чека половина до еден час.

Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржување за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Зголемен интензитет има на патните правци надвор од градските средини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...