Почна 72. Кански фестивал: Каде е црвениот тепих, тука се и најубавите тоалети ФОТО

До завршувањето на фестивалот, 25 мај, се очекуваат голем број ѕвезди, меѓу кои Квентин таранатино, Педро Алмодовар и Теренс Малик.

333

Актерите Шарлот Гензбур и Хавиер Бардем го отворија 72. Меѓународен фестивал во Кан, на кој до 25 мај се очекуваат голем број ѕвезди, меѓу кои Квентин Таранатино, Педро Алмодовар и Теренс Малик.

Актерското дуо на француски и шпански јазик рече: „Почна“.

Фестивалот го отвора остварувањето „Мртвите не умираат“ на американскиот независен режисер Џим Џармуш, кој во 1984 година ја доби Златната палма за филмот „Почудно од рајот“.

Главната награда ќе ја врачи жирито чиј претседател е мексиканскиот режисер Алехандро Гонсалес Ињариту. Во жирито се, помеѓу останатите, американската актерка Ел Фенинг, францускиот автор на стрипови Енки Билал и режисерите од Грција и Франција, Јоргос Лантимос и Робен Кампијо.

На црвениот тепих продефилираа бројни ѕвезди облечени во гламурозни, впечатливи тоалети – Ева Лонгорија, Селена Гомез, Џулијан Мур, Ел Фенинг, Изабел Гуралт, Алесандра Амбросио, Тилда Свинтон, Роми Стријд…

FOTO: Profimedia
FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...