Почна 14. Виз Ер Скопскиот маратон

Поради одржувањето на Виз Ер Скопскиот маратон во градот има посебен сообраќаен режим.

147

Во Скопје денеска се одржува 14-от Виз Ер Скопски маратон. Пријавени се рекордни преку 10.000 маратонци од 58 земји од светот.

Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон стартуваа во 8:30 часот, а трката од 5 км во 8:40 часот. Стартот беше во центарот на Скопје пред Порта Македонија. Се очекува маратонот да заврши околу 14 часот.

На маратонот годинава присуствува и ексклузивната гостинка, светската рекордерка, Пола Редклиф.

За потребите на организацијата на маратонот Градот Скопје обезбеди логистичка и финансиска поддршка. Сите јавни претпријатија на градот се ставени на располагање да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри. Во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери кои се грижат маратонот да помине во најдобар ред.

Виз Ер Скопски маратон константно се надградува и оваа година како дел од настанот се вклучија македонските радија, познати диџеи, бендови и оркестри со цел да ја збогатат целата патека со музика и забава. Неодамна беше пуштена во употреба и новата мобилна апликација за Виз Ер Скопски маратон на која секој заинтересиран може да ги следи своите омилени тркачи во живо. Истата може да се симне на следниов линк: https://plas.google.com/store/apps/details?id=com.skopjemarathon.

Поради одржувањето на Виз Ер Скопскиот маратон во градот има посебен сообраќаен режим.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...