Почна судењето на Турчинот кој крвнички ја претепа и мачеше српската манекенка ФОТО

Тортурата ја започнал околу 19 часот, а Тања во два часот по полноќ се онесвестила поради тепањето.

597

Пред истанбулскиот суд завчера почна судењето на Чагри Тортоп за претепување на српската манекенка Тања Ѓукиќ во стан во Турција минатата година.. Тортоп, инаку познат турски продуцент, ја нападнал Србинката затоа што бил љубоморен и тоа не било првпат оваа девојка да ги почувствува неговите удари на кожата. Тања вчера рекла дека очекува повеќегодишна затворска казна за него за да им се даде пример на другите дека мажите и жените се еднакви и дека насилството врз жените е неприфатливо.

– Драго ми е што многу девојки од феминистички групи дојдоа да ме поддржат. Моите адвокати и јас ги обезбедивме сите докази дека тој ме тепаше, дека јас финансиски го издржував… Очекуваме тој да добие затворска казна, никакви парични казни не нѐ интересираат и тоа експлицитно го потенциравме пред судот – рече Тања Ѓукиќ за „Блиц“, непосредно по судењето.

Ако Тортоп би бил казнет парично, судот во Истанбул на тој начин ќе испрати лоша порака, рече Тања.

Турски и српски медиуми во јуни лани ја пренесоа веста дека српската манекенка Тања Ѓукиќ пријавила дека била жртва на насилство од дечкото Чагри Тортоп, турски државјанин со кој била во врска две години и живееле заедно.

Насилникот седум часа се изживувал со неа во нивниот заеднички стан во Истанбул, а мотив за свирепиот напад била неговата патолошка љубомора.

Тања тој ден имала снимање, а пред студиото ја пречекал љубоморниот Турчин. Иако кавгата почнала веќе во автомобилот, Тања не можела ни да замисли дека нешто подоцна тој крвнички ќе ја претепа.

tanja đukić, manekenka prebijena u Turskoj
Тортурата ја започнал околу 19 часот, а Тања во два часот по полноќ се онесвестила поради тепањето.

– Ми течеше крв од ушите, од устата… го молев да ме убие или да престане. Потоа ме однесе во бањата и ме поливаше со ладна вода, а кога се онесвестив, ја зема тастатурата и со неа ме удираше по главата. Бидејќи се разбудив тој ми рече: „Гледаш дека си жива“. Тогаш го зема ножот и почна да ми се заканува дека ќе ме убие – рекла преплашената Тања.

Турските медиуми објавија фотографии од претепаната Србинка која има видливи модринки и подливи по главата и целото тело. Ѓукиќ сама го пријавила случајот во полиција.

– Бев претепана на 2 јуни, по расправија што почна околу 19 часот. Дечкото ме пречека со автомобил откако завршив едно снимање и откако влегов внатре почна расправијата предизвикана од неговата љубомора. Откако стигнавме во станот, расправијата продолжи, но набрзо кулминираше со ѕверски тупаници и клоци. Го молев да престане, но не ме слушаше, продолжуваше да ме удира каде стигне“, стои во нејзината изјава.

Fotografije njenih povreda obišle su svet

Таа додава дека паднала во бесознание од ударите и подоцна од модринките сфатила дека тој продолжил да ја тепа и откако се онесвестила.

– Потоа, истепана и помодрена, ме одвлече до спалната соба и таму ме заклучи. Трпев болки, бев гладна и жедна. Ми се закануваше дека ќе ме избоди со нож ако се обидам да излезам. Дури следниот ден околу 10 часот ми ја отвори вратата и тогаш успеав да побегнам од станот и да го пријавам во полиција“, раскажува Ѓукиќ која исказот во полиција го давала во присуство на преведувач.

Таа раскажува дека успеала да го убеди насилникот дека нема да го пријави, како што не го пријавувала и претходните пати кога ја тепал, само да заборават и да излезат надвор.

Tanja kaže da očekuje da će njen nasilnik dobiti zatvorsku kaznu, nikako novčanu

Кога конечно се согласил, таа ставила очила за сонце и веднаш штом ја отворил вратата, побегнала и се јавила во полиција од најблиското кафуле.

Нејзините родители дошле од Србија за да ја земат, а тогаш насилникот уште не бил приведен во полиција.

Во Србија била згрижена од Дирекцијата за јавна безбедност како жртва на семејно насилство.

И неговата поранешна девојка од Турција ѝ се јавила која ѝ рекла дека и таа била негова жртва.

Čagri Tortop i Tanja Đukić

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...