Почна средбата на Заев со Мицкоски

277

Средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски започна доцна попладнево во Владата.

На средбата се очекува Мицкоски да му го соопшти на Заев предлогот на опозицијата за нов министер за внатрешни работи во техмничката влада.

Претходно Мицкоски во парламентот имаше средба со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, по која каже дека името на својот адут во МВР ќе го соопшти по средбата со Заев.

За Ахмети, предложениот кадар за министер за внатрешни е добро решени, со солидна професионална биографија.

На средбата во Владата, Мицкоски рече дека ќе прифати разговор и за Изборниот законик.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...